Животните се многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство - протисти.
Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат со растителна , животинска или мешана храна . Исто така, одредени без’рбетници и ’рбетници
се исхрануваат со мртва органска материја и со тоа
придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја
полесно достапна за редуцентите - бактериите.
Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола
врз бројноста на популациите од живи организми во природата.
Многу повеќе за животните можете да најдете на следниов линк:
http://kids.nationalgeographic.com/animals/
No comments:
Post a Comment