Wednesday, October 12, 2016

Питоми животни во Македонија




   Од питомите животни во Македонија постојат коњи, овци, говеда, кози, свињи, магариња и други. Од птиците најзастапени се кокошки, мисирки, гуски и пајки. Тие се одгледуваат екстензивно, но и интензивно, во организирани сточарски и живинарски фарми. Во нашава република се негува и пчеларството, како посебна гранка за проидзводство на мед. Пчелите се најкорисни меѓу инсектите. Најпозна е мариовската пчела.




Диви животни во Македонија



   Од диви животни има главно претставници на медитеранската и средноевропската фауна. На средноевропската, преставници се: мечка, волк, црвена лисица, рис, дива свиња, зајак, видра, верверица, куна, јазовец и др. Од птиците: орел, јастреб, чавки, еребици, гулаб, гугутка и др. Од влекачите: желката, разни видови гуштери и змии, а од водни животни пастрамки, крап, сом, црвеноперка и др. Во мочуриштата има разни видови барски птици, како на пример дива гуска, чапја, пеликан и др.


Водни животни


   Рибите  се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат три живи класи на риби: примитивните безвилични риби, или Agnatha; ‘рскавичните риби, или Chondrichthyes; и коскените риби или Osteichthyes. Овие групи, иако имаат различни анатомски карактеристики, поседуваат низа заеднички особини поврзани со нивното заедничко еволутивно потекло или со нивниот подводен начин на живот. Рибите биле најраните 'рбетници и веројатно еволуирале од група на водни нижи хордати; копнените 'рбетници еволуирале од рибите.



Коњи


   Коњот е голем копнен цицач кој се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на семејството коњ која ги вклучува и зебрите и магарињата. Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо.






   Влијанието на коњите на човечката историја и цивилизација ги прави едни од најважните домашни животни.

Историјата на коњите



   Дивите предци на денешните коњи еволуирале милиони години во Северна Америка. Тие се рашириле во другите делови од светот со патување на југ во Јужна Америка и со преминување на копнените мостови кои ја поврзувале Северна Америка со Европа и Азија за време на леденото доба. Коњите исчезнале од Северна и Јужна Америка во еден бран на изумирање кој се случил при крајот на плеистоценската епоха, пред околу 15,000 години. Тие не се забележани во Америка сѐ до 1494, кога италијанскиот истражувач Кристофер Колумбо ги транспортирал со бродови од Шпанија на неговото второ патување за Новиот свет.




Животни



   Животните се многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство - протисти.






   Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи  во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат со растителна , животинска  или мешана храна . Исто така, одредени без’рбетници и ’рбетници се исхрануваат со мртва органска материја  и со тоа придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите - бактериите. Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола врз бројноста на популациите од живи организми во природата.

   Многу повеќе за животните можете да најдете на следниов линк:
   http://kids.nationalgeographic.com/animals/

ЖИВОТНА СРЕДИНА



   Под животна средина се подразбира збирот од сите надворешни фактори  на кои е изложен еден организам. Биотички фактори се влијанијата од членовите на истиот или друг вид врз развитокот и опстанокот на единката, додека абиотички се неживите фактори - влијанијата на почвата, водата и воздухот врз организмите.
   За секој фактор на животната средина, еден организам има опсег на толерирање  во кој тој е способен да преживее. Овој опсег ја сочинува еколошката валенца на организмот. Различни единки или видови имаат различни опсези на поднесување за најразновидните фактори на животната средина. Оваа варијација ја претставува адаптацијата на организмот кон неговата средина. Способноста, пак, на еден организам да ја изменува својата подносливост кон одредени фактори на средината како резултат на промена во истите ја претставува пластичноста на тој организам. Промените на подносливоста кон одреден фактор се нарекуваат аклимација. Изложувањето на фактори при кои организмот се наоѓа на границата на својот опсег на поднесување, претставува стрес.